Димитриоски за 24 Ракомет ТВ: Ниеден тренинг не може да ги замени натпреварите (ВИДЕО)
Еден од ракометарите кои го засилија тимот на Еурофарм Пелистер 2 е и Димитар Димитриоски кој се одлучи да го напушти Вардар и да се пресели во Битола. Самиот вели дека причина за тоа е немањето на минутажа особено сега кога кога е во години кога мора да игра, па се надева дека во тимот од Битола ќе го добие тоа што го посакува. Димитриоски пред камерата на 24 Ракомет ТВ зборуваше и за враќањето на старата позиција во играта односно среден бек, како и за очекувањата. Интервјуто можете да го погледнете во видеото.