Готово е кога стварно е готово: Како Крим го шокираше Ростов во последната секунда! (ВИДЕО)
Рускиот шампион Ростов Дон водеше против словенечкиот Крим со 23-21 во последните две минути, но остана со две ракометарки помалку на теренот. Тренерот на Ростов се реши да ризикува и наместо голман уфрли друга ракометарка, но тоа му се врати како бумеранг. Крим најпрво намали на 23-22, а потоа Ана Вјахирева ја загуби топката во последниот напад и буквално во последната секунда Маја Светик го погоди празниот гол на Ростов и за реми 23-23 и голем бод од Русија за словенечкиот првак. Погледнете....