РК ГОЛДЕН АРТ
Како кулминација на работата со млади категории, преку летниот ракометен камп и младинската ракометна академија, брендот Кирил Лазаров ја продолжи ракометна приказна со сениорски клуб. Целта на клубот кој од август 2019 стана нов ракометен субјект во Првата лига, беше влез во Супер лигата преку квалитетен тренажен процес и професионален развој на младите играчи. Стратегијата до која се држи и работи Р.К. “Golden Art” е афирмација на млади македонски талентирани играчи, која покажа резултати во досегашниот дел од првенството.
Од 2020 година клубот се раздели со брендот КЛ7 и продолжува како самостоен субјект ракометен клуб Годен Арт кој по една година пауза од сезоната 2022/2023 се враќа во македонската Суперлига.