Кога Сандер Сагосен се претвора во џиновска јагода (ВИДЕО)

Видеото кое имате можност да го погледнете е од 2019 година од Норвешка и е снимано со цел промоција на спонзорот на Европското првенство кое се играше во Шведска, Норвешка и Австрија. Заради промоција Сагосен и колегите од репрезентацијата изведоа оригинален танц со кореографија придружена со песна за истакнување на корисноста на овошјето и зеленчукот. Во видеото имаме единствена можност да погледнеме како најдобриот стрелец на Евопското првенство се претвора во џиновска јагода.