Кизиќ: Се радувам што ќе можам да учам од Ристовски (ВИДЕО)
На средбата против Монпелје една од посветлите точки во дресот на Вардар беше голманот Марко Кизиќ, кој со доаѓањето на Стевче Алушовски добива сè повеќе шанса и сè поголема минутажа, а укажаната доверба ја оправдува со добри одбрани. Сепак, од утре има конкуренција бидејќи во Вардар доаѓа Борко Ристовски. „Драго ми е што ќе имам можност да играм со него. Тој е еден од најдобрите голмани со големо искуство и одлични партии зад себе. Се радувам што ќе можам да учам и од него“, изјави Кизиќ за 24 Ракомет ТВ.