Фештата почна на аеродром во 1 по полноќ – илјадници фанови ги пречекаа сребрените Хрвати (ВИДЕО)
Репрезентацијата на Хрватска загуби во финалето на Европското првенство што изминатите 18 денови се одржуваше во Австрија, Норвешка и Шведска. Подобра од избраниците на Лино Червар беше Шпанија, која славеше со 22-20, иако немаше да биде незаслужено и „коцкестите“ да се закитат со златниот медал. Сепак и среброто не беше пречка за ракометарите да бидат пречекани и во 1 по полноќ на аеродромот „Фрањо Туџман“ во Загреб од илјадници фанови. Главната фешта ќе биде во текот на дешениот ден на плоштадот „Бан Јелачиќ“ со почеток во 12:30 часот.