Микола или Никола – сеедно: Билик е австрискиот херој (ВИДЕО)
Австрија и Белорусија одиграа нерешено 36:36 во последното коло од групата 1. Во директниот дуел за четвратата позиција Белорусија беше на чекор до победата сепак домаќинот успеа да извлече бод. Билик, чие име е Микола, но Австријците го прекрстија во Никола, се погрижи да го израмни резултатот на неколку секунди до крајот. Белорусија веднаш изведе брз центар и погоди. Сепак судиите проценија дека овој гол е нерегуларен и натпреварот заврши без победник со што Австријците го остварија својот најголем успех на првенствата со освојување на седмото место. Драматичната завршница погледнете ја во видеото.