понеделник, ноември 25, 2024

Ниту тројца не можат да го запрат Стојанче Стоилов (ВИДЕО)

Вардар иако со шарен состав, успеа да ја оствари целта и да го совлада украинскиот првак Мотор Запорожје со 44-37 во регионалната СЕХА лига.

Тренерот Едуард Кокшаров, во ростерот имаше дури четворица кружни напаѓачи и сите добија своја минутажа.

Капитенот Стојанче Стоилов постигна два гола, а еден од нив беше прогласен за најдобар на натпреварот од медиа тимот на СЕХА.

Погледнете како Стоилов успеа да се снајде и покрај тоа што имаше тројца противници во одбрана…