30 секунди драма: Како херојот Ангелов ги расплака кумановци (ВИДЕО)

Тимот на Вардар Неготино славеше на гостувањето кај Куманово 27-26, иако губеше и со шест разлика во текот на мечот. Херојот на гостите беше Петар Ангелов, кој влезе во последната секунда и го одбрани пеналот за реми на Виктор Петковски. Претходно неготинци поведоа со 27-26, имаа напад за плус два на десетина секунди до крајот, но ја загубија топката. Сепак Ангелов одбрани за голема радост. Погледнете ја драмата од 30 секунди во Куманово...