15 минути уживање со најдоброто од Лигата на шампионите – Дибиров, „кунг-фу“ Митревски…(ВИДЕО)

Изминатава сезона не го дочека својот крај на ракометните терени, скоро сите првенства се прогласени за завршени, а единствено остана да се доигра завршниот турнир во Лигата на шампионите кој е закажан за крајот на декември. Иако беа одиграни помалку натпревари од планираното прекрасните голви и одбрани не изостанаа. Во следните две видеа се избрани по 50 надјобри голови и одбрани. На листата најдобри голови бројот еден е резервиран за неверојатниот Тимур Дибиров и голот против Кил, додека во надјобрите одбрани имаше место за Калифа Гедбане и Никола Митревски кој се најде на местото број два со незаборавната кунг-фу одбрана. Уживајте.