📸 Фуриозниот старт не беше доволен за нова мундијалска радост

Македонија – Црна Гора, СП младинки главна рунда, 3 коло

 

Женската младинска репрезентација на Македонија загуби од Црна Гора со 26:23 во последниот натпревар од главната фаза на Светското првенство во Скопје. Иако Македонија отвори одлично, поведе со 5:0, имаше 12:10 на полувреме, сепак, ривалот во вторите 30 минути успеа да го надигра составот на Јанев и да дојде до двата бода, со кои ќе разигрува за пласман од 9 до 13 место. Нашата репрезентација заврши на четвртото место во својата група и ќе разигрува за пласман од 13 до 16 место на младинскиот Мундијал.