📷 Два од два за Македонија, се загрева атмосферата пред ЕП

Македонија – Грција ГАЛЕРИЈА

Машката сениорска репрезентација на Македонија славеше на првиот од двата закажани пријателски дуели против Грција со 33:30 (18:15). Избраниците на Кире Лазаров беа доминантни од 22 минута, па до крајот од натпреварот. Грција која ќе биде дебитант на Европското првенство во одредени делови покажа квалитет, но тоа не беше доволно за позитивен исход против борбената Македонија. Двете репрезентации утре ќе го одиграат последниот контролен натпревар пред настапот на Европското првенство во Германија.