📷 Добар старт, лош крај – повремени блесоци недоволни за нешто повеќе против „триколорите“

08.01.2024 МАКЕДОНИЈА vs. ФРАНЦИЈА 39-29 (17-13)

Машката репрезентација на Македонија загуби очекувано на стартот на Европското првенство од селекцијата на олимпискиот првак Франција со 39-29. Македонските ракометари пружија отпор во првиот дел, водеа во повеќе наврати со плус два, имаа шанси и за плус три, но не реализираа, па оттогаш колата тргна надолу. За петнаесетина минути во првиот дел беа постигнати само три гола, па на пауза Французите имаа 17-13. Во второто полувреме селекторот Жил ротираше многу, погодуваа Пранди, Деска, Наи...и предноста на ривалот само растеше до конечните плус десет. Македонија имаше светли моменти - Митревски бранеше на ниво, пивотите имаа одлична реализација, но тоа не беше доволно за нешто повеќе на овој меч.