🎥Томовски: Ние повеќе ја посакувавме победата, целосно бевме фокусирани

 

 

Машката репрезентација на Македонија го освои третото место во групата А на Европското првенство 2024, откако го доби дуелот со Швајцарија со два гола разлика, 29:27. За Македонија победата над Швајцарија беше многу важна за обезбедување на првиот шешир за баражот за СП 2025 година. Еден од најзаслужните за победата на Македонија беше голманот Мартин Томовски, кој запиша 13 интервенции. Какви беа коментарите на Томовски после добиената битка со Швајцарија може да ја погледнете во видео прилогот...