🎥Лесјак за 24Ракомет: Норвешка е силна, но далеку од тоа дека им се плашиме!

Репрезентацијата на Словенија полесно од очекуваното славеше над Полска во натпревар од второто коло од групната фаза на Европското првенство. Избраниците на Урош Зорман триумфираа со 32:25 и дојдоа до втора победа на континенталниот собир, откако во првото коло беа подобри и од дебитантот - Фарски Острови. Во дуелот со Полска шанса межу стативите доби и голманот на Еурофарм Пелистер, Урбан Лесјак, кој за 24Ракомет ТВ ги сподели своите импресии и очекувања за понатамошниот дуел од првенството. Целосната изјава на Лесјак може да ја погледнете во видео прилогот...