🎥Карабатиќ: Против Исланд го одигравме најдобриот натпревар на ЕП!

 

Ракометарите на Франција во натпревар од второто коло од главната фаза полесно од очекуваното го совладаа Исланд и дојдоа до победа од 39:32. Французите со победата над островската земја останаа во игра за пласман во полуфиналето на Европското првенство 2024. Искусниот Никола Карабатиќ, кој пред неколку дена стана најдобриот стрелец во историјата на Европските првенства, ги сподели своите импресии по победата и истакна дека неговата репрезентација ќе треба сериозно да се подготви за дуелот со Австрија. Целосната изјава на Карабатиќ погледнете ја во видео прилогот...