🎥 Зовреа страстите – вардарци и пелистерци во клинч!

Во Охрид се игра финалето меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер од Купот на Македонија, а по петнаесетина минути игра зовреа страстите на теренот и настана мала мешаница меѓу ракометарите на двата тима. По еден старт на Павле Атанасијевиќ над Милан Лааревски, двајцата репрезентативци влегоа во двобој, се вмешаа и останатите ракометари од клупите и настана мешаница на теренот. Судиите Тодоровски и Митревски на крајот ги казнија Лазаревски и Атанасијевиќ со исклучувања...