🎥 Падна крв на теренот – Паниќ му ја пукна аркадата на противникот!

На натпреварот Холандија-Босна и Хергеговина буквално “падна“ крв на теренот. Секако во жарот на борбата ракометарот на БиХ, Марко Паниќ после ударот од девет метри со раката го закачи противникот, по што пукна аркадата на Холандскиот ракометар. Сепак, на теренот репрезентацијата на Бих беше таа која доживеа вистински “нокаут“, откако беше збришана со резултат 36:20, и елиминирана од групната фаза на ЕХФ ЕУРО 2024.