🎥 Митревски: Многу е тешко да се одбраниш од репрезентација како Франција

 

Еден од најдобрите поединци во нашата репрезентација во денешниот пораз против Франција беше голманот Никола Митревски. Голманот на Порто како и секогаш беше не висина на задачата, но како што и самиот вели тешко е комплетно да се одбраниш од репрезентација како Франција. Во дуелот со вакви велесили многу работи зависат од нив, а Митревски смета дека нашата репрезентација може многу да научи од денешниот натпревар. Следен противник за Македонија на 14.јануари ќе биде домашната селекција на Германија. Како македонскиот голман го доживеа премиерниот натпревар од ЕХФ ЕУРО 2024 погледнете во следното видео.