🎥 Атрактивна асистенција од зад грб на Јасухира, лесен гол на Аларов

Вардар докажа дека никогаш не треба да се отпишува и славеше во Автокоманда кај вицепрвакот со 27-23. Јапонскиот среден бек Косуке Јасухира се врати на терените и одигра одличен натпревар. Една од неговите асистенции беше од зад грб до Аларов, кој постигна лесен гол во мрежата на „сино-белите“. Погледнете...