Јубилеј со дисквалификација: На терен мина две минути, го удри противникот во глава и доби црвен картон (ВИДЕО)

Германија ја победи Аргентина со 33-25, а Уве Генсхајмер го одигра својот 200 натпревар во бундес тимот, но нема да го памети по добро. Иако селекторот Алфред Гисласон го штедеше, тој мина на теренот две минути, изведе еден пенал, но не го реализираше. Левото крило на германската селекција го погоди во главата аргентинскиот чувар на мрежата Хуан Мануел Бар и доби црвен картон од судиите Хорачек и Новотни. Погледнете....