Јотиќ и Митревски дел од најдоброто по осминафиналните дуели во СЕХА (ВИДЕО)

Тимот на Еурофарм Пелистер беше елиминиран во осминафиналето на регионалната СЕХА лига од хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице, но двајца „фармацевти“ се најдоа во изборот на медиа тимот на СЕХА. Голманот Никола Митревски има одбрана што е дел од најдобрите во оваа фаза, а еден од погодоците на Ловро Јотиќ исто така има место меѓу најдобрите во осминафиналето на оваа конкуренција.