Ѓорѓиевска за 24Ракомет ТВ: Не сум за натурализирани ракометарки во репрезентацијата (ВИДЕО)

Капитенот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Елена Ѓорѓиевска беше дел од подготовките кои националниот тим ги имаше во Маврово кои се во рамки на тренинзите за квалификациите за бараж за следниот Мундијал. Таа има убедливо најдолг стаж од сите во оваа селекција и во неа е повеќе од деценија и пол така што добро знае како е да се игра во националниот им. „Искрено секогаш сум била против странски играчи. На времето имавме, но не сакам да се мешам во таа ситуација. Тоа е дел за стручниот штаб. Сепак, според мене не би сакала да имаме натурализирани ракометарки. Зошто да не се гради нашето кое го имаме. Секогаш сме имале нешто кој го крати нашето. Не сакам да навредам никого, но доколку клубовите вкложуваат малку повеќе ќе има успех во женскиот ракомет“, коментираше Ѓорѓиевска за 24 Ракомет ТВ. Комплетното интервју можете да го погледнете во видеото.