Ѓорѓески му симна зицер на Шушња, ЕХФ го стави во ТОП 5 (ВИДЕО)

Голманот на Металург, Даниел Ѓорѓески си доби свое место во најдобрите 5 одбрани во колото во Лигата на Европа. Тој на втората средба против Висла Плоцк успеа да му симне зицер удар на пивотот Леон Шушња, а ова беше интервенција која му овозможи да се најде во најдобрите пет одбрани од колото во Лигата на Европа. Иако Металург ги загуби двата дуели, сепак, ова е убав момент за одбележување.