Шего: Момците во Вардар се уморни, но дадоа сè од себе (ВИДЕО)

Голманот на Монпелје, Марин Шего после натпреварот против Вардар вчера имаше свој коментар за она што беше направено на теренот. Тој даде пофалба на адреса на неговите колеги од „црвено-црниот“ табор, а ги пофали и навивачите. „Знам дека Вардар нема доволно играчи. Момците се уморни, но оние кои играа дадоа сè од себе. Иако салата не беше полна, оние кои беа во салата одлично го бодреа тимот на Вардар“, изјави Шего за 24 Ракомет ТВ. Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото.