Чупиќ: Покажавме како треба да се игра за Вардар – оставаме срце на терен! (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар и покрај сите проблеми и заминувањето на Кристопанс и Атман успеаја да го совладаат тимот на Мотор Запорожје со 38:28 со што дојде до потребните два бода за пласман во осминафиналето. Малку пред оваа победа на Вардар, триумф имаше и Монпелје над Мешков Брест, па веќе нема дилеми за местото на вардарци во елиминациите. Иван Чупиќ вели дека е горд на сите свои играчи кои покажале како треба да се носи дресот на европскиот првак.