Чешка е минато, ракометарите подготвени за главната битка против Австрија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

[soliloquy id=”121169″]

Репрезентативците на Македонија денеска одработеа тренинг на кој се подготвуваат за дуелот против Австрија кој се игра утре од 18:15 часот. Средбата против Австрија во Штадхале во Виена ќе биде за место во вториот круг, а на Македонија и треба победа за да успее да се најде меѓу најдобрите 12 селекции на шампионатот. И тоа победа од два или три гола разлика би била најдобра варијанта.