Червар се збуни среде емисија во живо: Како се викаше оној малиот…оној нашиот? (ВИДЕО)

Хрватска забележа втора победа на Европското првенство откако славеше над Белорусија со 27-20, а селекторот Лино Червар за време на изјавата во живо по мечот на „РТЛ“ имаше еден гаф. Во студиото на оваа ТВ куќа беа Петар Метличиќ, Драго Вуковиќ и Никша Калеб, тројца играчи од златната генерација на Хрватска, кои прснаа од смеа кога го Червар не можеше да се сети на името на еден од нив - Вуковиќ. „Тоа се три олимпијци и тоа златни. И Перо и Никша и оној малиот, оној нашиот... нормално. Драго! Драго Вуковиќ“, му дошепна Игор Карачиќ. Смеата беше присутна и во Грац и во студиото во Загреб, но Вуковиќ сигурно не му се налути на искусниот стратег што му го заборави името.