Червар и „коцкестите“ се чекираа, Виена стана и хрватска база (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Хрватска пристигна во австриската престолнина Виена, каде што ќе ги продолжи натпреварите од втората фаза на Европското првенство. Избраниците на Лино Червар имаа перфектен скор во Грац, каде што ги победија репрезентациите на Србија, Црна Гора и Белорусија. Хрватите во втората фаза ќе ги чекаат Шпанија и Германија, како и двете најдобри од нашата група.