Чао Европo, а сега „јуриш“ по титулата…(ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер – Нексе (Лига Европа)

Еурофарм Пелистер денес изгуби во реваншот против Нексе со 21:22 и тука заврши европскиот пат за битолскиот состав оваа сезона. Не помогна на „пелистерци“ и фантастичната атмосфера во салата „Боро Чурлевски“. Стартот на натпреварот за Еурофарм Пелистер беше добар, но Нексе во продолжение успеа да се врати и со победа да ја одбрани предноста од првиот натпревар во Нашице. Но, далеку од тоа дека оваа сезона за битолскиот тим е загубена, Еурофарм Пелистер е блиску после долго време да ја врати титулата од домашното првенство во Битола, таква беше и пораката од „Чкембари“ по натпреварот...