Цепелинот на Димитриоски и Серафимов – најдобар во изборот на СЕХА (ВИДЕО)

Во време кога не се играат натпревари, медиа тимот на регионалната СЕХА лига, ги потсети навивачите на најдобрите погодоци со цепелини во последните неколку сезони. Меѓу нив имаше место и за атрактивниот погодок на Мартин Серафимов, на асистенција на Димитар Димитриоски. Тој беше постигнат на натпреварот меѓу српскиот Железничар и Металург, кој беше одигран на 27 февруари 2019 година...