Цепелинот на Велковски и Мандалиниќ со Топ 5 ознака во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одиграа првиот официјален натпревар сезонава, но загубија на гостувањето кај ГОГ Гудме. Сепак, имаше моменти кои заслужија да бидат издвоени. Последниот гол на натпреварот кој беше дело на Стипе Мандалиниќ, а дојде на асистенција на Мартин Велковски дефинитивно заслужи место во Топ 5 голови и тоа би беше направено. Голот на Мандалиниќ се најде во Топ 5 друштвото, а од овој натпревар има уште еден цепелин, но тој беше дело на играчите на Гудме. Кои се петте погодоци кои најдоа место во изборот на головите на 2. коло од Лигата на Европа можете да погледнете во видеото.