Цела Битола е „зелено-бела“ – сега се е во рацете на ракометарите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Дерби Битола 2023

Големото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар започна во спортската сала „Боро Чурлевски“, а пред стартот на мечот целиот град беше обоен во боите на битолскиот тим. Редица на луѓе се движеше кон местото каде што ќе се решава шампионската титула. Вардар дефинитивно го чека битолски пекол, а љубителите на ракометот ги очекува интересен и возбудлив натпревар до самиот крај.