Хорват како Чупиќ – погодува и од бековска позиција (ВИДЕО)

Ракометарите на Металург го играат првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа против францускиот Тулуз. Металурзи се без Мартин Серафимов, па како замена за единствениот десен бек Никола Потиќ, тренерот Кастратовиќ го користи Златко Хорват на оваа позиција. Тој слично како и неговиот сонародник во Вардар, Иван Чупиќ, се снаоѓа сосема солидно и знае да погодува и оваа позиција. Погледнете...