Химна на ЕХФ за следната сезона: Вовед во звукот за новата Лига на шампиони (ВИДЕО)

После извршената ждрепка за групите во Лигта на шампионите од страна на ЕХФ беше објавена и химната на новата сезона во најсилното натпреварување. Агенцијата за звук, Wesound се погрижи да создаде звук во кој може добро да се почувствуваат и главните елементи во ракометната игра. Звукот на скок шут, одбрани, голови... многу адреналин на едно место и големи возбудувања се дел од видеото кое беше објавено од страна на ЕХФ. Дефинитивно ова е најава за убава сезона во кој одново ќе се следат интересни средби. Како што се вели на ЕХФ, ова е звук кој ве носи назад во времето кога вашиот омилен играч го постигна најважниот погодок. Едноставно ова е звук на ракометот.