ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Радовиќ може и како бек – постигна победнички гол од девет метри! (ВИДЕО)

Тимот на Еурофарм Работник ја забележа втората победа во Лигата на шампионите, откако вечерва во Битола триумфираше над шведскиот Савехоф со минимални 32-31.

„Фармацевтите“ беа на прагот да го доживеат истото сценарио од претходните неколку натпревари, но да  не биде така се погрижи црногорскиот репрезентативец Мирко Радовиќ.

Остануваа околу дваесетина секунди до крајот на мечот, кога Еурофарм тргна во последен напад за  победа.

Радовиќ oд девет метри, биеше во последната секунда кон гостинскиот гол и погоди за огромна радост во салата „Боро Чурлевски“.

Погледнете…