ХЕРОЈ НА ДЕНОТ – Како Нолевска го реши Вардар во женското дерби (ВИДЕО)

Во дербито од Женската лига Куманово славеше победа од 29:28 против Вардар со погодок во последните моменти од натпреварот. Кумановски имаа напад за победа кој го искористија преку Наташа Нолевска од десно крило. Вардарки се обидоа со мал пресинг и ситни прекршоци да ги оневеозможат ракометарките на Куманово, но топката стигна до Нолевска која сигурно реализираше за голема радост на домашните ракометарки. Решавачкиот погодок погледнете го во следното видео....