Херојски пресврт на Металург, Куманово падна пред мотивираните дами од Автокоманда (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Металург Куманово, Куп на Македонија 2022

Екипата на Металург во полуфиналето од Купот на Македонија во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци го елиминираше бранителот на титулата, Куманово, со резултат 21:25. Металург за финале се избори со подобрата игра во последните петнаесетина минути од натпреварот, кога со серија од 9:1 направи комплетен пресврт, вреден за победа и финале по осум години. Прв стрелец во победничката екипа беше Ива Младеновска со 10 погодоци. Во поразениот табор најефикасни беа Јована Кипријановска со девет и Наташа Нолевска со шест погодоци. Ривал на Металург во финалето ќе биде победникот од дуелот меѓу Ѓорче Петров и Чаир.