Херој на натпреварот: Патрик Валчак-човекот кој го спаси реномето на Вардар (ВИДЕО)

Македонскиот и се уште актуелен европски првак Вардар ќе настапи на Ф4 турнирот од СЕХА лигата од 4ти до 6ти септември во Задар. “Црвено-црните' денес минимално загубија од Нексе, но во меѓусебниот дуел имаа иста гол разлика и постигнато повеќе голови во гости. Во Скопје, ракометарите од Нашице имаа и четири голови предност во средина на вториот дел, но благодарение на одличниот полски интернационалец Патрик Валчак, Вардар успеа да се врати и да загуби минимално и доволно за деветти пласман на СЕХА завршницата. Видео секцијата на СЕХА лигата, потсети како изгледаше последниот погодок на мечот на шест секунди до крајот .