Фудбалскиот крал Пеле на ракометните терени…(ВИДЕО)

Нема кој не го знае легендарниот фудбалер Едсон Арантес До Насименто, но она што е малку познато на јавноста е дека Пеле додека бил активен на фудбалските терени, тренирал и ракомет. На You Tube каналот посветен на кариерата и животот на Пеле беше објавено видео од некогашната бразилска фудбалска репрезентација на ракометен тренинг. Заедно со Пеле, шампионите од 1970 година, Тостао и Ривелињо, се исто така на видеото, кое е направено на Универзитет Сантос во Бразил, а оригиналот се чува во Шпанија. Пеле почина вчера во Бразил на 83-годишна возраст.