Фантастична одбрана на Ристовски – кандидат за одбрана на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Вардар после првото полувреме губеше со 11:15 од Монпелје во 4. коло од Лигата на шампионите. Вардар има многу проблеми против тимот од Франција. Вујовиќ натпреварот го започна со Томовски на голот на многу брзо го замени со Борко Ристовски. Искусниот голман имаше неколку одлични интервенции од кои една сигурно ќе влезе во конкуренција за најдобра одбрана на колото. Интервенцијата може да ја погледнете во следното видео.