Трите круни најдоа лек, ја запреа „црвената фурија“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шведска – Шпанија (Финале на ЕП 2022)

Во израмнет натпревар во кој имаше надигрување од 60 минути селекцијата на Шведска дојде до титула на ЕП после 20 години чекање откако со гол од пенал после истекот на времето ја совлада Шпанија со 27:26. Оваа победа и ја донесе петтата круна на Шведска, а воедно ова значеше стопирање на налетот на Шпанија која доминираше на ЕП од 2018 година. Сепак, „црвената фурија“ не успеа да се избори за хет-трик бидејќи трите круни најдоа начин како да стигнат до трофејот.