Трајковски бранеше одлично во Данска, една од одбраните заврши во ТОП 5 (ВИДЕО)

Голманот на екипата на Еурофарм Пелистер, Благојче Трајкоски покажа добра форма на гостувањето кај тимот на ГОГ Гудме во 2. коло од Лигата на Европа. Имаше неколку одлични интервенции, а една од нив се најде во Топ 5. Трајкоски е позициониран на 5. место со својата интервенција, а за која станува збор можете да видите во видеото. Исто така и кои се другите четири одбрани кои завршија како најдобри меѓу натпреварите од колото кои беа одиграни.