Трансфер бомби: Дански пакет за Фленсбург – потпишаа Питлик и Јоргенсен!

Германскиот Фленсбург објави дека е постигнат договор со данскиот ГОГ Гудме и го потврди трансферите на двете нови дански ѕвезди.

Симон Питлик и Лукас Јоргенсен доаѓаат во Фленсбург, откако потпишаа договори на долг рок.

Левиот бек Питлик потпиша до 2027 година, додека кружниот напаѓач Јоргенсен се обврза на верност со бундеслигашот до 2026 година.

22-годишниот Питлик беше прогласен за МВП на последниот Мундијал во Полска и Шведска, додека Јоргенсен беше МВП на Ф4 од Купот на Данска, кога ГОГ Гудме стигна до трофејот преку Алборг.

Претходно Фленсбург ги договори пивотот Блаж Благотиншек и десниот бек Каи Смитс.