Тестовите негативни, атмосферата позитивна – Словенија на македонското мени (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Прв тренинг на Македонија на ЕП

Машката репрезентација на Македонија денеска го одработи единствениот тренинг пред натпреварот против Словенија што ќе се одигра утре од 18:00 часот. Избраниците на Кире Лазаров се запознаа со условите во „Феникс Арена“, тренираа, а резултатите од тестовите се негативни, па селекторот ќе смета на сите расположиви сили за пресметката со избраниците на Љубомир Врањеш.