Судиите признаа победнички гол, играчите се израдуваа, но на крај – го поништија! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Порто и Магдебург од осмото коло во Лигата на шампионите заврши реми, 31-31. Германскиот првак постигна погодок за победа во последните мигови од мечот и се доби впечаток дека тој е постигнат пред истекот на времето. Судиите го признаа голот, играчите на Магдебург почнаа да слават победа, но потоа арбитрите имаа долга консултација со делегатот и записничката маса, за на крајот да ја променат одлуката и мечот да заврши нерешено.