Субашевски за 24Ракомет ТВ: Данска ќе биде главниот тест, ќе дадеме сѐ од себе за победа (ВИДЕО)

 

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!

 

Машката кадетска репрезентација на Македонија обезбеди пласман во главната рунда на Мундијалот во Хрватска, откако ја победи Грузија со 27:21 во натпревар од третото коло во групната фаза. Левото крило Дамјан Субашевски денес одигра без грешка, постигна шест погодоци од исто толку обиди и беше меѓу најзаслужните за обезбедениот триумф против Грузија. Членот на Бутел Скопје ги сподели впечатоците по денешната победа и обезбедениот пласман меѓу најдобрите 16 репрезентации и истакна дека Македонија има квалитет за да се надигрува против Данска и Австрија во главната рунда. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот...