СТРУГА 2020: Шампионот на Европа тргна победнички во новиот поход (ФОТОГАЛЕРИЈА)

[soliloquy id=”137941″]

Ракометарите на Вардар после неколку години се вратија на Отвореното игралиште во Струга, но како учесници на турнирот и тоа го направија со победа. Денеска го совладаа составот на Охрид со 27:22 во натпревар во кој и немаше многу тензија. Охриѓани дадоа отпор во најголемиот дел од средбата, но факт е дека и во двете екипи допрва ќе се создава играта која ќе треба да биде одлика на составите во шампионатот кој следува. Алушовски и Стојановиќ можеа да видат до каде се со работата во подготовките, а првите впечатоци се дека имаат добри состави од кои допрва ќе треба да го извадат максимумот и да покажат квалитет. Денеска, Охрид покажа дека може да се надигрува со Вардар и во еден период имаше плус 2, кога водеше со 8:6, но набрзо после ова работите вардарци одново ја зедоа контролата. На почеток на второто полувреме направија и плус 5, 17:12, па до крајот искусно ги чуваа овие пет гола позитива за конечни 27:22 и добро загревање за турнирот на кој имаат уште два дуели на патот кон финалето. Последниот натпревар од вториот ден на турнирот можете да го погледнете низ фотографии.