Стоилов подели фантастична асистенција, Дибиров го надмудри Вулф (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар имаат три гола негатива по првото полувреме на натпреварот против Келце од осмото коло во Лигата на шампионите.

Триото Скубе, Дибиров и Стоилов го одржуваат европскиот шампион на пристојна негатива, иако домашните имаа и плус  пет.

Еден од погодоците вредни за одбележување е последниот на вардарци во првиот дел, кога капитенот Стоилов подели фантастична асистенција до Дибиров, а Русинот го совлада Вулф.