Стоилов, Граџан и Радовиќ ги имаат најубавите погодоци за декември во СЕХА (ВИДЕО)

Иако вниманието на ракометната јавност сега е насочено кон националните тимови и нивните пријателски средби пред Европското првенство, медиа тимот на регионалната СЕХА лига ги објави најубавите погодоци за месец декември. Во овој месец се одиграа последните натпревари од групната фаза, во кој Еурофарм Пелистер и Вардар имаа половични успеси, но погодоците на Стојанче Стоилов против Татран, Мирко Радовиќ против Загреб, како и оној на Елмир Граџан против Спартак се во ТОП 5.